Се чистат одводите на канализацијата во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на невремето кое го зафати Скопје, а беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.
Во моментот, атмосферските и канализационите линии на територија на град Скопје се чисти и максимално функционални.
Екипите од секторот Канализација, беа присутни во сите општини на градот
зафатени од невремето, а во нивната акција беа расчистени следните критични точки: подвозникот кај „Мавровка“, бул. „Илинден“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Јордан Мијалков“, критичните места во општина Карпош, ул. „Павел Шатев“, деловите кај Полициската станица – Битпазар, делот кај хотел „Континентал“ итн.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се подготвени за соодветна реакција, во согласност со временските услови, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје.