Се чекаат пријавите по пошта за јавен обвинител
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ќе го каже својот став во однос на изборот на нов републички јавен обвинител откако за тоа ќе се произнесе Советот на јавните обвинители.
„ Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавните обвинители. Да почекаме тие да се произнесат, а потоа Владата ќе излезе со свој став – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на инфраструктурните проекти во општина Гази Баба.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“.Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.