Се активира и загрепската Арена за болни од ковид
Загрепската Арена се активира како ковид-центар, а првите пациенти треба да стигнат утре или за викендот.
КОординаторот за ковид-ценатор Арена Загреб, Давор Вагиќ за Н1 ги објави деталите. Вели дека чекаат дозвола за сметствување пациенти.
„Стационарот Арена е опремен. Имаме 100 кревети, тука ќе бидат пациенти кои се пред крај на лекувањето, кои би требало да бидат отпуштени“, вели тој.
„Човеќкиот поптенцијал е проблем, но и тоа го решивме. Овде ќе има 18 лекари, а што се однесува до медицинските сестри, ќе работат 55. Тие ќе ја дадат потребната грижа. Имаме и кислород, имаме и рентген, имаме и лабораторија. Имаме се што му треба на центарот кој ќе згрижува паценти. Имаме и сала во која пациентите ќе можат да бидат интубирани. Немаме респиратори, имаме и вај-фај, греење“, појаснува Вагиќ.
Вели дека активирањето на Арената служи за да му помогне на здравствениот систем, да може во болниците да се сместуваат луѓе без корона.