СДСМ жали за пропуштената шанса со Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ направиле се што било до нив…


Фото: Б. Грданоски

Партискиот театар со измените во Изборниот законик кои вчера поради немањето доволно гласови според Бадентеровиот принцип не добија собраниска виза денеска  предизвикаа реакции кај невладините организации, но и кај дел од политичките партии.

Од СДСМ, како што велат, жалат што се пропушти шансата за прифатлива фер рамка.

„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, во одговор на новинарско прашање по денешната прес конференција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат направиле се што било до нив, но ДУИ решиле да го блокираат процесот.

„Во однос на правните нерегуларности поднесовме предлог измени на изборниот законик, за намалување на прагот од 0,95 % кој потоа беше дополнително намален за 0,5 % и прифатен од наша страна и коалицијата . Но, проблемот е во тоа што ДУИ е исплашен од пораз на следните избори и од страв не ги поддржа измените на изборниот законик“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците во Собранието вчера по скратена постапка ги разгледуваа измените на Изборниот законик, по оодлуката на Уставниот суд да се укинат одредби поврзани со прагот за собирање потписи за независни листи. Според предлогот доставен до пратениците, прагот од 1% од запишаните избирачи се намали на 0,95%, што предизвика бурни реакции.

За време на расправата во собраниската Комисија за политички систем, беше прифатен амандманот на Левица со кој прагот за потписи за независни листи требаше да се намали на 0,5% од вкупниот број избирачи во изборната единица.

Од ДУИ бараа се повиукуваа на одредбата на Уставниот суд во делот на резидентното и неразидентното население поради што не ги поддржаа измените, укажувајќи дека без нивните гласови не може да поминат одлуки со двојнот мнозинство, 0односно според Бадентеровиот принцип.

Претходно, од ДИК укажаа дека според постојниот правилник независните имаат право на самокандидирање односно кај советничките листи ќе нема потреба од дополнителни потписи од оние на самитре кои се предложени, а кај кандидатите за градоначалници секој сам ќе одлучува со колкав број на потписи ќе ја поткрепи својата кандидатура, а според упатството тоа се најмалку двајца потписи.

Предлогот прагот од еден отсто да се намали на 0,95 отсто беше дочекан на нож од стра на независните кандидати.

„Пратениците повторно одлучуваат во име на независните кандидати без да ги земат предвид нашите барања“, обвинија од иницијативата Зелен Хуман град, од каде посочуваат дека инсистираат на измени на Изборниот законик кои ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд.

„Новиот противуставен предлог повторно се сервира иако пред повеќе од два месеца до сите пратеници доставивме информации за бројот на потребни потписи во други европски земји, а им ги доставивме и меѓународните препораки за добри практики иако тоа се информации што веќе тие самите би требало да ги имаат“, велат од ЗХГ.

Коментирајќи ја вчерашната вонредна седница и расправа на народните избраници која заврши без гласање на измените, од Зелен Хуман град за ТВ 24 ја коментираат како обид да се исклучат целосно граѓаните од политичкиот живот.