СДСМ: За овие девет месеци ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со „Пуцко Петрол“

-Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“, ДПМНЕ точно знае дека за овој случај е одговорен човек кој излегол од нивните структури. „Пуцко Петрол“ е компанија која израсна во времето на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ и е главен бизнис партнер на сите градоначачници на ДПМНЕ ама и на институциите кои ги водат. Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата „Пуцко Петрол“. За ова треба да одговори ДПМНЕ.
СДСМ дава поддршка на истрагата и очекуваме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара.Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега, соопштија од СДСМ.
Од опозициската партија исто така бараат Јавното обвинителство да отвори постапка за тендерите во Министерството на Стефан Андоновски.
-Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски. Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора веднаш да отвори истрага.Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани, порачаа од СДСМ тврдејќи дека партијата нема да дозволи оваа афера да биде заташкана .