СДСМ за новата влада: Обезбедивме мнозинство за реформи и за стабилност

СДСМ соопшти дека со проширувањето на Владата со учество на Алијансата за Албанците обезбедила мнозинство за реформи и политичка стабилност на државата.
„Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите. Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието.
Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи.Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција„, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, се повикаа на анкетата на Евротинк и оценија дека власта предводена од СДСМ и ДУИ е најкорумпирана, а судството поднејзина директна команда.
Според оваа партија, над 71% од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата.Додека високи 51% дале најслаба оцена 1 за справувањето со корупцијата во државата, додека 20% ја оцениле власта со оцена 2. Само 3% од испитаниците на владата и дали оцена 5.
„Власта на СДС и ДУИ ја водат државата во амбисот. Покрај неспособноста со справување со енергетската и економската криза, граѓаните јасно говорат дека криминалот и корупцијата им е најгорлив проблем. За тоа потребни се превремени парламентарни избори за конечно да ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ“, се подвлекува во нивното соопштение.