СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ веќе комично

Опозициската СДСМ го исмева владејачката партија околу наводниот антизападен курс, велејќи дека е „комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези“.
СДСМ вели дека поврзувањето со изјавите на новинарот Сашо Ордановски, кого ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека го навредувал американскиот претседател во неговото интервју за Канал 5, била очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси.
„СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата. Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија се за да ги блокираат овие процеси“, велат од СДСМ.