СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија заради попречување на европскиот пат, возврати денес СДСМ, по неколкудневните повици од опозицијата да се спречи бугаризација на чествувањето на Гоце Делчев и тврдења, наспроти тоа, дека односите со соседната земја никогаш не биле полоши од сега.  

-ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на Димитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации.

Спротивно на тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи со сите соседни држави, но и со целиот демократски свет, со цел забрзана интеграција во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ јасно ја кажува нивната цел, попречување на европскиот пат, нарушување на односите со соседна Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат повторно да ја вратат државата во поделби и изолација, раскарана со сите соседи, како што тоа го правеа цели 11 години, но овој пат тоа нема да им успее, нема да ја попречат европската иднина на државата, порачаа од СДСМ.