СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија


Опозицискста СДСМ во соопштение до медиумите се осврнува на последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, а трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти.

„Со ДПМНЕ на власт животниот стандард на граѓаните се намалува, власта се грижи за елитата и за нивните бизнис партнери, а народот е оставен сам на себе“, се вели во соопштението во кое се додава дека „дури и последните најави од власта за некакви контроли за наводно намалување на цените во маркетите се покажуваат како уште една голема лага“.

Притоа, се наведуваат и примери од маркетите дека само кај млекото има симболично намалување од неколку денари, додека кај другите производи нема никакво намалување.

Зејтинот е се уште со поскапената цена и се движи од 89 до 96 денари а во некои маркети иако се продаваше за 82 денари пред 2 месеци.

Јајцата се повторно околу 100 денари, а чинеа 75 денари.

Шекерот, кашкавалот, се со поскапени цени, но исто така и леќата (169 денари), гравот (143 денари), оризот (135 денари) грашакот.

Кај оние производи кои имаат иста цена пак забележано е намалување на грамажата.

СДСМ смета дека политиките на власта со т.н. „кошнички“ доживеа дебакл.

„Наместо намалување на цените и достапни производи, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци“, велат од СДСМ.