СДСМ: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал


Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски? Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно. Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

Таа посочи дека јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството , обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“.

Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не, рече Кузеска.

Денеска, како што додаде гледаме дека се ова било лага до лага.

Денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнитена, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече Кузеска покажувајќи го документот склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра.

Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка.

Таа оцени дека ова е врв на политичко лицемерие.

Како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници?

Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, трето нема”, рече Кузеска, барајќи Мицкоски да им се извини на граѓаните.