СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговорност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, регира СДСМ на пораката од министерот дека нема намера да дава оставка и дека барањето на опозицијата било хистерично.
-Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните. До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција. За тоа мора да има одговорност, му порачаа од СДСМ.