СДСМ тврди: ВМРО-ДПМНЕ дало не една, туку 86 концесии за рудници


СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше на власт, дало концесија не само за Иловица, туку уште за 85 други рудници во земјата. 

-Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава. Одлуката, пак, за рудникот Иловица беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Христијан Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец во 2012 година.Истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник.

Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски. Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие.Заради лошите и популистички одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.

СДСМ од прв ден бил против тие рудници и кога ДПМНЕ и Груевски дадоа 86 концесии за рудници СДСМ беше силно против, стои во реакцијата на СДСМ.