СДСМ прашува дали вицепремиерот Меџити барал мито


Методија Илиевски

 

Опозицискиот СДСМ вели дека во Владата бил на повидок голем, робусен корупциски скандал во Владата.

„Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори:  дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал ‘злоупотреба на службената должност’ од страна на  вицепремиерот Изет Меџити и неговиот кабинет?

Прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 година е констатирана злоупотреба на службенета должност. Бараме веднаш Решението на инспекторатот да биде јавно објавено. Јавноста мора да им увид во сите детали“.

Според потпретседателот на партијата Методија Илиевски, оваа мерка била донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле уценувани и условувани.

„На колку бизнис компании им е барано мито? Дали Меџити барал мито? Кој сѐ е оштетен?

СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство за отворат предмет и да преземат соодветни постапки“, рече Илиевски.