СДСМ прашува: Дали Мицкоски за торби пари ги продал државните интереси на странски непријатели?


„Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја дексласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на ицкоски. Не само што власта нема храброст да ја дексласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР“, возвратија од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека извршиле „државен удар“ и дека признале дека прислушкувале.
 
„Вчерашната седница на надзорната собраниска комисија која треба да ја следи работата на службите мистериозно беше откажана иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираа итноста таа веднаш да се одржи.Од што се плаши Христијан Мицкоски?
 
Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?
 
Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?
 
Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари?
 
Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?
 
Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели. Дали Мицкоски за торби парии ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?“- прашаа од СДСМ.