СДСМ поднесе амандман ДДВ-то за пелети да биде 5 отсто


Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, денеска на прес-конференција соопшти дека пратеници од владејачкото мнозинство поднеле амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише.

„Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува“, рече Коциќ.

Тој посочи дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.

На овој начин ќе се зачува економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина, додаде тој.