СДСМ отфрла одговорност за „Лајка“, ја обвини Арсовска за расипништво

Има расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на грбот на вработените, во ЈП Лајка со месеци немаат земено плата, возвратија од СДСМ на обвинувањата дека во време на мандатот на Петре Шилегов биле направени огромни долгови поради кои сега ова претпријатие има проблем да се финансира.
„Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и лошо управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија. Додека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, вработените во ЈП Лајка со месеци немаат земано плата и под знак прашалник е доведено функционирањето.
ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во времето на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт, и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.За жал, поради недомаќинското работење и расипништвото на Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со стационарот, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувања, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка и да се обезбедат услови за непречено функционирање на стационарот, стои во реакцијата на СДСМ.