СДСМ очекува лаги и неосновани напади околу интерпелацијата на Димитров
Како и во изминатите две интерпелации така и во оваа за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров очекуваме неосновани напади и лажни вести од опозицијата, имајќи предвид дека досега за ниедно прашање коешто беше од исклучителен интерес за нашата држава и за граѓаните, опозицијата никогаш немаше став, се занимаваше само со критики и со гол популизам, истакна пратеничката на СДСМ Фаница Николовска, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.
Таа нагласи дека СДСМ и Владата одговорно ги водат сите процеси кои се од интерес на граѓаните и државата, отворено разговараме за сите прашања.
-Благодарение на посветеноста на сите членови на Владата како и на парламентарното мнозинство, Република Северна Македонија стана 30 земја членка на НАТО, сега сме рамо до рамо со најразвиените држави и апсолутно сметаме дека тој е единствениот пат по кој треба да одиме, сега не очекуваат преговори со ЕУ но и наидовме на потешкотии, тоа не е тајна, меѓутоа како современа држава мора сите потешкотии на кои наидуваме во нашиот евроинтегративен процес мора да ги решаваме со разговор, рече Николовска.
-ВМРО – ДПМНЕ упорно инсистираат да се разговара за некои прашања како што се македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет, не знам дали воопшто имаат дилема во тој поглед па затоа сакаат да разговараат за тие работи инаку во сите евроинтегративни процеси нашата Влада и функционерите биле транспарентни, за се реферирале пред Собранието и пред граѓаните, така и ќе останеме, посветени на овој процес и во иднина, порача Николовска.
Таа нагласи дека во СДСМ се апсолутно отворени за секаков вид на соработка, но го нема тој впечаток за опозицијата.
-Многу битни закони ги блокираа со илјадници амандмани и наместо да работиме во Собранието, да носиме Закони кои се во интерес на граѓаните на државата, да го подобриме животот секој пат сме соочени со кочници од страна на опозицијата која и во овие клучни моменти нема чувство за интересите на граѓаните и државата, истакна Николовска.
Седницата на која се разгледува интерпелацијата на министерот Никола Димитров почна и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето рече дека наводно очекува таа да помине, иако шансите за тоа се нереални. Главниот аргумент за интерпелацијата на Николоски е дека СДСМ излажала дека добила датум за преговори и дека доживеала фијаско со евроинтеграцијата.