СДСМ обвини за расипништво: Секретарка во општина Гази Баба земала плата и хонорар


СДСМ обвини дека во Општина Гази Баба расипнички се трошат буџетските пари и дека кадар на ВМРО0ДПМНЕ земала плата и хонорар во исто време.

-Секретарката на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски, познат кадар на ВМРО-ДПМНЕ, освен што добива плата за нејзината позиција, си обезбедиле дополнителен приход од буџетот на Општината.Освен што е секретар на општината, Стаменковска е и проектен координатор на проект што општината го добила преку Еразмус програмата.За тоа постои и договор за дело од една страна потпишан од градоначалникот Бобан Стефковски а од друга страна секретарот на општина, Невенка Стаменковска но овој пат потпишана како давател на услуги.За овој ангажман Стаменковска ќе добива по 9.000 денари месечно до 31.01.2024 година.Но она што е уште поинтересно, е фактот што Договорот е заверен во месец април оваа година, а ангажманот е почнат во февруари, па таа веројатно добила пари и ретроактивно за месеци за кои немало потпишано договор.

Во овој случај постојат сомневања за судир на интереси, но и за злоупотреба на службената положба, па затоа ги повикуваме надлежните институции да постапат по овој случај, соопштија од општинсдката организација на СДСМ.