СДСМ објави сметки како трошеле Мицкоски и Кочоска кога беа на чело на ЕЛЕМ


 

Опозициската СДСМ тврди дека додека сега премиерот и министерката за финансии обвинуваат за незаконско трошење на нивните претходници, тие двајцата кога бел од врвната раководна структура на ЕЛЕМ се гоштевале по кафеани.

Организацискиот секретар Мартин Костовски на денешната прес-конференција обелодени неколку од овие фактури. Тие се од 2016 и 2017 година.

Во тоа време Христијан Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ, а Гордана Димитриеска-Кочоска, директорка за финансии.

Што кажа Костовски:

1. Ова е фискална сметка од ресторан во Белград, соседна Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Кочоска и Мицкоски.

Што се јадело и пиело на сметка на народот:

Џони вокер – блек, дуњовача, поховани јагнешки шницли, зелка салата, ќебапи, крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита, „И као да си Анџео“.

2. Ова е фактура за кетеринг услуги, 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје. Исто така потпишано од Кочоска и Мицкоски.

3. Уште една фактура, 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница. Потпис, Кочоска и Мицкоски.

4. Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресторан.

5. Нова фактура, 10.500 денари на ЕЛЕМ, сектор финансии, од познат ресторант во Скопје.

6. Уште една, 8.500 денари, ресторан во Брвеница.

7. Па уште една, 9.200 денари“.

Според Костовски, тоа било расипничко трошење на парите на граѓаните.

„Ако како први луѓе на ЕЛЕМ вака аздисувале, можеме само да претпоставиме што се случува сега. Кочоска нема морал ниту совест. Кочоска не може да им кажува на работниците дека нема пари за миниминална плата, што може а што не може да јадат.

Единствено што не може е Кочовска да води министерството и треба да биде разрешена“, рече Мартин Костовски.