СДСМ објави нова тендер афера во министерството на Андоновски

СДСМ објави денес дека Министерството за дигитална трансформација, предводено од министерот Стефан Андоновски, повторно се нашло во центарот на сериозни сомнежи за судир на интереси и непотизам. На денешната прес конфернеција СДСМ покажа документи со кои тврди дека министерството му доделило тендер во вредност од 600.000 денари на правното лице „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје – фирма која, според свиркачите кои ја доставиле документацијата, е во сопственост на родителите на Борче Младеновски, вработен во ИТ-секторот на истото министерство.
-За СДСМ посебно алармантен е податокот дека во документацијата доставена до министерството, контакт-мејлот на компанијата е [email protected], што дополнително го поврзува вработениот со фирмата која добила јавна набавка. Од СДСМ прашуваат директно – дали министерот Андоновски ќе потврди дека овој тендер завршил кај родителите на негов вработен?- прашаа од СДСМ.
СДСМ предупредува дека селективноста на правдата е неприфатлива, особено кога станува збор за злоупотреба на буџетски средства. Од партијата нагласуваат дека додека целата држава беше во жалост по трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, министерот Андоновски не најде за потребно ниту да се воздржи од политички настапи, туку на денот на погребот – 19 март – побарал извинување од СДСМ.
“Ова ја покажува вистинската слика за приоритетите на министерот”, велат од СДСМ, најавувајќи дека ќе продолжат да објавуваат информации и докази кои, како што велат, ќе им помогнат на институциите да ја истераат правдата до крај и нема да се извинат.
Одговор не дојде од Министерството за дигитална трансформација туку од ВМРО-ДПМНЕ и во него воопшто не се ни споменуваат тендерите туку се повикуваат на афери од претхопдната власт.
“СДС да каже кој закон е прекршен со набавката во Министерството за дигитализација?Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките?
Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега.Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга и тоа со одлука на владата со која тој управуваше.Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините.СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ практично признавајќи дека изесените информации за тендерот во Министерството за дигитализација се точни и дека за нив нема ништо спорно ако се даваат тендери на „свои“, а ги осудуваат истите практики кај СДСМ.