СДСМ: Нема напредок со раскарана и неспособна Влада


Фото: Б. Грданоски

Коалицијата на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е во постојани кавги и целосно нефункционална. Наместо да работат за интересите на граѓаните, тие се занимаваат со меѓусебни пресметки, блокади и партиски калкулации; сметаат од опозициската СДСМ.

– Додека владата на ДПМНЕ тоне во расправии и нема капацитет за реализација на проекти и политики од интерес на граѓаните, државата стои!  Економијата е закочена и во постојан пад, институциите се нефункционални, Владата на ДПМНЕ не може ниту да исплати плати на време, ништо не функционира како што треба – додаваат од партијата.

Сметаат дека со тоа, на партиите од власта не им е гајле за стандардот, за животот, за иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите.

Со оваа неспособна, незаинтересирана и раскарана влада на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Македонија нема напредок, заклучуваат од СДСМ.