СДСМ: Нема ден да нема лажна вест од ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ тврди дека нема ден да нема лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ, а последната е  искажана од пратеникот Антонио Милошоски за наводна поддршка од други земји за ветото на Бугарија, што ја демантираа странските амбасади. 

„Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно деновиве прегоре од хистеријата на Христијан Мицкоски и неговиот послушник Антонио Милошоски.Последните деманти на странските амбасади се доказ како лажните вести и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги шират на штета на државата и државните позиции, на крајот им се удираат од глава.

Пропаднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Милошоски дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија. Уште еднаш се потврди дека се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Лага на штета на националните и државни интереси, на штета на интересите на граѓаните.

После толку многу потврдени лаги, после толку многу деманти, во ВМРО-ДПМНЕ никако да научат дека вистината секогаш излегува на виделина“, реагираат од СДСМ на веста.