СДСМ му се извини на Орце Ѓеорѓиевски и даде забелешки


 

По острата реакција на сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, околу тврдењата за чантата што ја носеше на отчетот на нејзиниот сопруг, СДСМ се извини, но при тоа даде и неколку забелешки. СДСМ тврдеше дека чантата била „Хермес“ и дека чинела 30.000 долари, а сопругата на Ѓеорѓиевски рече дека ја купила во Скопје на попуст и дека чинела 944 денари.

„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, ‘Пирамид билдинг’ и ‘Ленди груп’.

За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.

Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери, и ние да им се извиниме?

Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56-те тендери на „Пирамид билдинг’, каде е татко му на шефот на кабинет на Мицкоски, Нелоски?

Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?“, велат од СДСМ и додаваат:

„Што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е. 

Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме, да“.