СДСМ: Мицкоски му слугува на ВЛЕН, нема ни еден кандидат за изборите во Западна Македонија

СДСМ порача дека е смешен Мицкоски кога ги обвинува дека слугуваат на ДУИ и на тој начин да го прикрие сопствениот срам.
-Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен.
Во исто време, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет Меџити – криминал тежок 225 милиони евра. Молчи и го штити за дивоградбите во Чаир, молчи за злоупотребите на Гаши, молчи за скандалите на косовската граница, каде терористи, барани со потерници, слободно поминуваа. Флоскулите му се празни, а граѓаните гледаат и разбираат.
Му порачуваме да молчи на оваа тема, затоа што, за да го спаси својот коалициски партнер, ги издаде членовите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во Западна Македонија. Кој сега слугува на ВЛЕН, Мицкоски? Овие лажни политики ти ги препознаваат и твоите членови, но и сите граѓани, порачаа од СДСМ.