СДСМ контра директорката на УЈП: Повратот на ДДВ доцни и до четири месеци


Фото: Б. Грданоски

Опозициската СДСМ реагираше на изјавата на директорката на УЈП, Елена Петрова за редовноста на повратот на ДДВ.

„Доволно е да поразговарате со компаниите и менаџерите за да ја слушнете вистината – повратот на ДДВ доцни постојано. Оваа пракса на задоцнето ДДВ не е непозната за ВМРО-ДПМНЕ тие така владееја во време на режимот, така владеат и сега“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од таму сметаат дека нема никаква промена и главната цел е притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење.

„СДСМ повеќе пати апелираше дека ова е голем проблем и до нас стигаат секојдневни поплаки од компаниите. Наместо да го решат проблемот и УЈП да биде вистински партнер на бизнисот, тие мислат дека преку лаги може да го покријат својот неуспех и погрешни стратегии“. се вели во реакцијата на СДСМ.