СДСМ ја поврза декласификацијата во АНБ со случајот „Делчевски ниви“


 

Опозициската СДСМ денеска го поврза одбивањето на АНБ и премиерот да бидат декласифицирани документите за наводното противзаконско следење со случајот „Делчевски ниви“ кој остана нерасчистен.

„Од што се плаши Христијан Мицкоски?

Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. ‘Делчевски ниви’?

Да ја потсетиме јавноста дека во случајот ‘Делчевски ниви’ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски?“, праша на прес-конференција портпаролката Богданка Кузеска.

Според неа, се поставува прашањето дали во тие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и индиции за организиран криминал и корупција?