СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот


Фото: Б. Грданоски

 

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот за која единствени што не гласаа вчера беа ЦДУ/ЦСУ од политичкото семејство на народните партии. 

„Јавноста многу добро знае чија заслуга е резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција. ДПМНЕ и Милошоски треба да се засрамат за тоа, особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против  резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност.

Зошто ДПМНЕ не лобирала кај своите партии за поддршка? – е прашање што им го должат на македонските граѓани. Најдобрата услуга што може да ја прави ДПМНЕ е да престане да работи на штета на националните интереси и да не и наштетува на државата со вакви ‘услуги’“ повеќе. порачаа од СДСМ.
 
Резолуцијата на Бундестагот е трет европски документ за кој политичките пријатели на ВМРО-ДПМНЕ се позиционираа против македонските интереси, а од друга страна лидерот на оваа партија ја убедува јавноста дека може да обезбеди неколку лидери кои ќе го отворат прашањето за давање гаранции на Македонија околу блокадата со Бугарија, што му е актуелен услов за да ги поддржи уставните промени. Според соопштението на СДСМ, тој не само што не обезбедува гаранции за нашиот идентите, јазик и култура, туку и ги попречува.
 
Досега од ВМРО-ДПМНЕ не реагираа ниту еднаш на ваквите обвинувања и уште повеќе пратеникот Антонио Милошоски се пофали по гласањето во Берлин дека таа резолуција е резултат на барањата на неговата партија, односно дека ако не барале тие, немало ни да ја има. 
 
„Сметам дека треба да се поздрави резолуцијата на германскиот Бундестаг, тоа е добра работа. Главното прашање е зошто се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува меѓу другото и македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитност. За тоа постојан две причини:  Прво, затоа што во 21. век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција. Ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21. век.
Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која од пред година, две, три, од 2017 година, упорно нагласува дека со потпишувањето фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја од страна на Заев, Димитров, Османи и Маричиќ се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа во Македонија во изминативе 50 или 60 години“, вели Милошоски.