СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжија со обвинувањата кој не води во ќорсокак

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вели дека СДСМ ја носи државата, но и себе, во ќорсокак бидејќи една година лаже дека ВМРО-ДПМНЕ прафитила уставни измени, за на седницата во петокот да стане јасно дека не само што тие не прифатиле, туку и дека има пратеници од владејачкото мнозиство кои не сакаат да гласаат за промени. Сега, вели тој, ДУИ и СДСМ ќе одат на стратегија на одложување на процесот на гласање до последниот ден на мандатот на оваа Влада, бидејќи знаат дека кога и да ги стават на гласање, тие веднаш ќе паднат и нема да има друго решение освен распишување избори.
„Време е ДУИ и СДС да ја сфатат сериозноста на ситуацијата, зошто со секој поминат ден со нив на власт, Македонија губи. Со ДУИ и СДС секој ден сме се подалеку и од ЕУ и од добра иднина. Затоа, потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а се друго е губење време”, рече Мисајловски.
Од СДСМ пак возвратија дека во ВМРО- ДПМНЕ нема никаква промена и дека Христојан Мицкоски ја продолжува политиката на неговиот ментор, Никола Груевски.
-Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО. Само за да го пљачкаат народот. Мицкоски ја продолжи таа анти НАТО и анти ЕУ политика.Беше против членството на НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложната содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата. ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди, порачуваат од СДСМ.
Според нив прво беа измислени асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат.
-Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години. Обидот за блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.Македонскиот народ кој е проверопски оринтиран и сите граѓани кои се членство во ЕУ ова нема да го простат, порачуваат од СДСМ.