СДСМ: Граѓаните донираат за Кочани, а владата троши 400.000 евра за себепромоција

Опозициската СДСМ денеска остро го нападна договорот на Владата да потроши 400.000 евра за правење истражувања за нејзините политики. Во исто време кога граѓаните донираат за настраданите од трагедијата во Кочани.
„Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети.
Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.
Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет.
Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција ‘Маркет вижн“.
Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција.
Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда.
Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот“, рече на прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.