СДСМ го повикува Милошоски да поднесе оставка како морален чин
По информацијата дека Антонијо Милошоски пред да биде назначен на функцијата министер за надворешни работи бил казнет во Германија за фалсификување исправа
од СДСМ го повикаа да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка од пратеничката функција.
„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник. Голем е срамот за него, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“,изјави денеска пратеникот од СДСМ Миле Талески.
Тој на прес-конференцијата тој се повика на јавно објавен документ -листа од казнена евиденција на која стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела „кражба“ и „фалсификување на исправи“.
Милошоски, пак, обвини дека зад сето ова стои СДСМ кој, според него, изминатите седум години прави афери преку фалсификување. Тој тврди дека станува збор за спин и за дезинформација.