СДСМ го обвинува Мицкоски дека зборувал на конгресот на ЕПП со кратенка НМК


 

Владејачката СДСМ денеска уште еднаш се наврати на конгресот на Европската народна партија објавувајќи фоотграфии на кои се гледа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборува означен со кратенка НМК. „Со неговата регистерска табличка“, рече СДСМ.

Претникот Миле Талески рече дека „Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ режираат насилни протести со нивниот антиевропски партнер Левица, создаваат етнички тензии и ги лажат граѓаните.

Тоа е истиот Христијан Мицкоски кој пред помалку од два месеци ја понижи државата на конгрес на Европските народни парии со прифаќање на срамна Резолуција на ЕПП со бугарски ставови.

На овој Конгрес, не само што Мицкоски ја прифати срамната резолуција туку дозволи нашата земја па и тој самиот да биде претставена со кратенка од регистерска табличка НМК. Официјална меѓународна кратенка на нашата земја е МК односно МКД.

Чија земја претствуваше Мицкоски? Или беше претставен со неговата регистерка табличка?“, рече Талески и праша:

„Зошто Мицкоски не се побуни, не реагираше, не прати допис, зошто не ги повика да го променат ова?“