СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром


СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром .
 
-Додека секојдневно Тимчо Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. На  улицата „Васко Карангеловски“ вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.
 
Само да потсетиме дека пред локалните избори градоначалникот Муцунски вети пред граѓаните дека ќе се спротивставува на секоја сеча на дрва во градот и општината. Од тука прашуваме каде беше вчера градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото и да ги поддржи граѓаните во нивните спротивставувања на сечата на овие дрва, впрочем како што ветуваше токму од овде пред локалните избори? Зошто свесно ги лажеше граѓаните на општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски?
 
Исто како и Муцунски, и градоначалничката Арсовска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрва и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата на овие дрва? – прашуваат од СДСМ.
 
Според нив Муцнски ист о така најавувал  пред локалните избори дека ќе изврши бришења на градежни маркици, а досега не се гледа таква намера.