СДСМ ги обвини Максим Димитриевски и неговиот кум за шеми со станови

-Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат. Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.
Во меѓувреме компанијата „Евгенија план“ ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием. Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.
Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Максим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра. Како е можно стан во Куманово од 97 метри квадратни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра?Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат…Овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.
-Дали станува збор за перење пари?
-Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата?
-Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?
СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби!Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија, порачуваат од СДСМ.
Од движењето ЗНАМ одговорија дека СДСМ манипулираат.
-Манипулиравте и клеветевте и во 2021 година. И денеска ја гледаме
репризата на истото. Неосновани се обвинувањата изнесени на прес
конференцијата од поранешната претседателка на Советот на Општина
Куманово Мургашанска. Истите клевети на овие теми ги изнесуваа за време на локалните избори во 2021 година кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, кој изгуби
катастрофално на локалните избори, како и поранешната пратеничка од
редовите на СДСМ, Лидија Трајковска. Со правосилна судска пресуда беа осудени, се извинија и платија штета. Истото ќе се случи и во овој случај со Мургашанска, порачаа од партијата.
Според реакцијата, неосновани се обвинувањата бидејќи станува збор за земјиште купено со
купопродажен договор од физичко лице во 2010 година, во време кога
Димитриевски не бил градоначалник и тоа е уредно пријавено во неговиот
анкетен лист, како и целиот негов имот.