СДСМ ги нарече „филмови за Нетфликс“ тврдењата на Мицкоски за раст на платите од 13 отсто

Филмските изјави на Мицкоски дека „платите растат 11, 12, 13 проценти на месечно ниво” се најголемо потценување и навреда за народот, оцени денес СДСМ прашувајчи го премиерот каде се случува тоа и кога?
Граѓаните знаат дека реалноста е сосема спротивна, понижувачка и болна. Се поскапува, цените растат, а платите стагнираат. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека Мицкоски прави филмови за „економски бум”, граѓаните живеат во економска драма. Тоа го покажуваат и статистичките податоци кои го демантираат Мицкоски.Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 65.328 денари во јули – зголемување од 3.473 денари за само четири месеци. А просечната нето-плата? Од март до мај порасна за само 1.033 денари.
Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа а Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Во суштина сите овие филмови на Мицкоски се само изговори за да не се покачат платите, за да се задржи работникот со ниски примања и висок луксуз ама на власта, тврдат од СДСМ.