СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Венко Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ, објабија од СДСМ по повиците од владеечката партија да каже со која болница договарал соработка за да добие златна виза.
-ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година, порачаа од СДСМ.
-Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи?
Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал.Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.