СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Место да профитирате од короната, откажете се од државните пари


 

СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека во период кога државата ги вложува сите кадровски и технички капацитети за да го спречи ширењето на опасниот вирус, Христијан Мицкоски и партијата продолжуваат со политичкото и финансиското профитирање.

-Крајно несериозно е политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да ја користи секоја прилика за партиско профитерство. Мицкоски во многу наврати периодов демонстрираше неконструктивност, незнаење и креираше лажни вести само да им наштети на државните институции во нивната професионална посветеност кон здравствената криза.

Со таквото однесување Мицкоски уште еднаш покажува дека личните и партиските интереси му се далеку поважно отколку здравјето на граѓаните, отколку економската состојба во државата.

Наместо да се обидуваат да профитираат политички од кризата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот, а ослободените пари да се пренаменат во фондот за справување со последиците од коронавирусот, порача во соопштение СДСМ.