СДСМ до Мицкоски: Избори ќе има во декември, осмели се и учествувај
СДСМ го нарече политички дилентатизам последното обрќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое побара предвремени избори, а дотогаш влада на национален спас бидејќи по негова оценка состојбата во земјата била катастрофална а блокадата од Бугарија покажала дека политиката на Зоран Заев на свитката кичма не дала резултат бидејќи не ја свиткал доволно кичмата.
„Политички дилентатизам е ова на Мицкоски, да бара учество во Влада без мандат од граѓаните, во ситуација на стабилно парламентарно мнозинство и функционална Влада која е формирана пред нешто повеќе од два месеци.
Ти Мицкоски ги загуби изборите, те казнија граѓаните и те оставија во опозиција. Затоа сега менуваш ставови од час во час, за да купиш ден повеќе во белиот дворец.
Политички аматеризам е во ситуација кога сите капацитети се во функција во борба против сериозната пандемија од коронавирусот, кога е потребна сериозност и одговорност Мицкоски да биде толку несериозен. Бара предвремени избори, а бега од предвремените локални избори во Штип?Ваквите ставови на Мицкоски веќе не доликуваат на политичка дебата, веќе нема никакво ниво, нема здрава логика и разум. Со него било каков разговор, дебатата е несериозна.
Наместо блефирање, Мицкоски треба да одговори дали им кажа Африм Гаши и Зијадин Села дека ќе го поништувал договорот од Преспа? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието?
Мицкоски секој ден е се поочаен. Затоа бега од изборно соочување, зошто се плаши од граѓаните и нова казна за сите деструктивни политики.
Мицкоски, избори ќе има веќе во декември во Штип и тие ќе бидат 100 отсто безбедни за здравјето на сите граѓани и учесници во изборниот процес. Осмели и се и учествувај, на власт не се доаѓа без мандат од граѓаните“, му порачаа СДСМ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.