СДСМ денес ќе предаде докази против Меџити во Владата

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во Владата ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.
Од СДСМ најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.
Премиерот Христијан Мицкоски веќе ги повика сите кои имаат докази во однос на обвинувањата на СДСМ дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколува институционалните процедури и ја злоупотребува својата позиција, да му се обратат лично него.
СДСМ, објавија документи за кои тврдат дека покажуваат дека Меџити се обидувал да влијае на предмети во животна средина, а тоа според нив на некој начин отвара сомнеж дека тој создавал простор за уцени кон фирми и граѓани.Ваквите тврдења ги поткрепија со одлука на управниот инспекторат, од каде со решение, официјално, ги одзеле ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.