СДСМ денес избира партиски претседател, Филипче единствен кандидат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денес избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.
Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.
Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Филипче за лидер беше избран во јуни минатата година на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Димитар Ковачевски.
Сите детални информации, одлуки, правилници, роковници и останати документи поврзани со внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се достапни на веб страната на СДСМ.
СДСМ информираа дека информацијата за резултатот ќе го соопштат денеска по завршување на процесот на гласањето.