СДСМ: Данела и Мицкоски се караат за бизнис интереси

Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема. Една година помина Скопје стои во место. ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период намерно ја сопре реализацијата на стратешките проекти во градот како што е БРТ системот, мостот во Аеродром, на „Љубљанска“, Универзална сала. Го загрози дури и проектот за прочистителна станица…сите важни за скопјани.
Досега Аросвска им беше супер, одеднаш не им одговара, не била нивна. Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник. Дури и потписите и ги собраа. Заедно одеа на митинзи, на собири, на средби се фалеа и бараа поддршка од скопјани.Пари, бизнис зделки и влијанија, друго не го интересира Мицкоски. Тоа е причината за јавните препукувања и ништо друго. За жал, како во лош филм на Скопје му се случува репризата на криминалното ВМРО-ДПМНЕ со силен удар врз развојот на градот.
Истко како што ВМРО-ДПМНЕ го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје2014, сега му се заканува нова катастрофа.Скопје2014 му ја приреди Груевски, катастрофата Скопје2024 ја приредува Христијан Мицкоски, критикуваат од СДСМ.
Во исто време, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, соопшти дека поништени се 31 тендер во рамки на град Скопје и уште 13 во 2021 година кога доаѓа новата администрација во Скопје.
„Градоначалничката експлозивно разрешуваше директори заради јавни набавки за кои видовм, според ЕИБ, дека биле согласно правилата и стратегијата за набавки. Прашање е зошто се случуваат овие поништувања од кои дел се за следните проекти во програмата“, прашува Андоновски.
Андоновски истакна дека дел од тие проекти се клучка на булевар „Словенија“ со булевар „Никола Карев“, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и Карпош.
„Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на град Скопје? Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сакате со промена на комисиите да се влијае во работата на истите, односно во избор на најдобар понудувач“, рече Андоновски.
Андоновски запраша дали со нејзиниот однос придонесува вработени да го напуштаат Град Скопје затоа што досега 7,7% од вработени си заминале од работно место.