СДСМ бара пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец


 

СДСМ денеска побара од пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец, бидејќи единствено што „сработиле“ била блокада на работата на Собранието.

-Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, велат во соопштението од владејачката партија..

Како што објави вчера претседателот на Собранието Талат Џафери, денешната седница на која се наоѓаат голем број закони е одложена бидејќи опозицијата уценувала за да формира кворум, со тоа што барала да се расправа само за три точки.

На дневен ред на оваа седница се законите кои се однесуваат на економските мерки,
одлуката за продолжување на кризната состојба, Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, и две интерпелации за министерот за правда и за вицепремиерот Љупчо Николовски.