СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ


Опозициската СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ, со кои беа примени на работа три лица.

Според СДСМ, последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта.

„Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри.  Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум“, се вели во партиското соопштение, при што се додава дека СДСМ бара итно поништување на овој, како што велат, срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани.