СДСМ бара Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните за лажните вести
Откако амбасадите на Чешка и Словачка остро ја демантираа изјавата на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека неговата партија е многу заслужна за блокадата на овие две земји за блокадата на заклучоците на ЕУ, СДСМ побара од него и од Христијан Мицкоски да им се извинат на граѓаните.
„Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски како извор на лажни вести.
На почеток на светската пандемија со вирусот, ОН го демантираше Николоски и лажната изјава за проценка на преземените мерки. Ова безобразно лажење на ВМРО ДПМНЕ, олицетворени преку Христијан Мицкоски и Александар Николовски, е вистинското лице на оваа фејк њуз партија“, рече портпаролката на партијата Богданка Кузеска.
Според неа, „неодговорноста на Александар Николоски ја девалвира и фунцијата пратеник во очите на нашите меѓународни партнери и поддржувачи.
Најмалку што можат Мицкоски и Николоски е јавно да се извинат за изнесените лаги. Дополнително, Николоски треба да си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието. Недозволиво е вакво неодговорно однесување, пратеник да ги лаже своите граѓани. Граѓаните не заслужуваат лаги“, рече таа.