СДСМ бара истрага за корумпирањето на германскиот пратеник


СДСМ бара од надлежните органи да отворат истрага околу скандалот со сомнително финансирање на консултанти во 2016 И 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка.
 
„Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат овој случај и да ја информираат јавноста за наодите, особено што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се поврзува со сомнителни финансии и трансфери. Клучни прашање на кои истрагата треба да даде одговор се: од каде се овие пари и на кој начин се исплатени?
 
Според пишувањата на германските медиуми, Шпигел и Фокус, станва збор за петоцифрена сума, 50.000 евра кои му биле исплатени на германскиот пратеник за консултантски услуги. Дали овие пари се пријавени во финансиските извештаи и завршните сметки на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 и 2017 година? Кој е одговорен?
 
Христијан Мицкоски, кој во тоа време бил советник на Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, треба да излезе на јавноста и да одговори на овие прашања.Пратеникот од Христијанско-социјална унија ЦСУ, Тобијас Цех веќе поднесе оставка поради услуги за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“. Ако пратеник поднел оставка во Германија што чекаат од ВМОР-ДПМНЕ? Или ќе се кријат како Антонио Милишоски што се уште се крие за пресудата во Германија?“, реагираат од владеечката партија.