СДСМ: 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)
Датумот 27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, порачаа денес со соопштение СДСМ потсетувајќи на овој настан кој се случи на денешен ден.
„ВМРО-ДПМНЕ поттикна вооружени насилници да упаднат во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и да предизвикаат и граѓанска војна. Денес, тие насилници кои беа придружувани и од самиот Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува уставобранители, дури бараше и нивна амнестија, што само покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.
<di
СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.Времето на крвави и црни датуми во македонската демократија, одамна е завршено“, се вели во соопштението, иако организаторите на тој настан воопшто не одговараа.
Горе е видео документарец што го објави телевизија Вис.