Сценаристот на „Врисок“ се заинтересирал за книгите на Крис Картер


Многи читатели кои ги сакаат книгите на бразилскиот писател Крис Картер, очекуваат некогаш тие да бидат филмувани.

Книгите на Крис Картер се трилери, со мрачни ликови и морбидни убиства. Ако некогаш бидат филмувани, може да се покажат и како одлични хорор-филмови.

Во денешната објава на социјалните медимуи, Картер соопшти дека пред месе и половина со него стапил во контакт еден од најпознатите писатели на сценарија за хорор-филмови, Кевин Вилијамсон. Од неговото перо излезени се „Врисок“, „Досонс Крик“, „Дневникот на вампирот“, „Те следам“…

Тој ги прочитал книгите на Картер и многу му се допаднале, па посакал да направи сценарио според кое би се снимила серiја. Тоа го предложил во своето студио, но добил одговор дека приказните се мнгоу мрачни и насилни, за американскиот пазар.

– Но, сега, јас сум автор кој треба да ја оправда етикетата на автор чии книги се премрачни и пренасилни, но гледано од позитивната страна да се има човек како Кевин Вилијамсон на своја страна, да биде заинтересиран за книгите е неверојатно – вели Картер во својата објава на социјалните медиуми.

Останува да почекаме американскиот пазар да зајакне, односно да добие „стомак“ што ќе може да го поднесе на екраните насилството кое Картер го опишува во своите книги или пак да се најде некој друг филмаџија од друга, неамериканска продукција, кој ќе има доволно храброст тоа да го пренесе на екраните, за да уживаме во она што знаеме дека би било одлична серија или филм.

Крис Картер е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД каде студира психологија со специјализација за криминално однесување. Како криминален психолог има работено неколку години, а потоа почнува со музичката кариера како професионален музичар. Пред неколку години се откажал од сето тоа за да стане писател со полно работно време.

Има објавено 12 книги, а во Македонија преведени и издадени се осум.