Савески ѝ се заблагодари на Владата што го предложила, очекувал поголема поддршка
Новиот државен обвинител денеска потпиша свечена изјава и започна со работа велејќи дека е сигурен оти ќе ги задоволи очекувањата на граѓаните за поголема и поправедна правда.
Ненад Савески во изјавата за новинарите им се заблагодари неговите досегашни колеги судиите, на Владата што го предложи и на пратениците што го поддржаа и ги дадоа гласовите за него. Тој ги повика сите јавни обвинители да работат со него.
На прашањето дали уште од првиот ден може да му биде товар еднонасочната партиска поддршка во Собранието, савески рече дека е блаогадарен за гласовите. Тој очекувал поголема поддршка во Собранието, но е задоволен штоп и оние пратеници кои не гласаа за него ја истакнале неговата професионална подготовка.
„Интересетите на политичките партии не се мои интереси ни вчера ни денес нема да бидат ни во иднина. Без оглед колку колку гласови добив моја обврска е да се водам според уставот, законот и меѓународните документи“, рече Савески.
Тој изјави дека секој предмет има еднакво значење и нема да прави приоритет на предмети, има законска регулатива според која треба постапува обвинителот, а политичката јавбност има право да ја коментира неговата работа.
За Савески еден од приоритетите е модернизација и дигитализација на институцијата за преку нив да се следи работата на секој обвинтел. Тој гарантира транспорентно и одговорно работење на секој јавен обвинител, почнувајќи од себе.
И тој го потенцира она што долго време го зборуваат обвинителите – дека за обвинителството да се бори против корупцијата и криминалот потребни се финансиски средства. Случаите што тој ги водеше досега како судија законски почнуваат од ново.
Собранието вчера го избра Ненад Савески (50) за јавен обвинител со 66 гласа „за“, двајца „против“ и осум „воздржани“.