„Саубермахер Тетово“ не може да го собира отпадот поради снегот


Од „Саубермахер Тетово“, фирмата задолжена за празнење на контејнерите во Тетово и околината, информира дека поради неповолните временски услови и континуираното врнење
на снег, во одредени населени места на територијата на Општина Тетово доаѓа до
одложување на собирањето на комуналниот отпад.

– Нема да може да се реализира во предвиденото време поради отежнатите услови за пристап.
Собирањето на отпадот од страна на компанијата „Саубермахер Тетово“ ќе продолжи и ќе
се реализира веднаш по подобрување на условите и овозможување безбеден и непречен
пристап за возилата на терен – велат од компанијата.

Ги замолуваат граѓаните за разбирање и трпение до нормализирање на состојбата.