Сасоли изненаден и лут од француските притисоци
Повторените барање на Франција за враќање на пленарните сесии на Европскиот парламент во главниот град на Алзас започнува да го нервира претседателот на ЕП, Давид Сасоли, кој бил „изненаден и лут“ од притисокот од француската Влада.
Државниот секретар за европски прашања Кламан Бон објави отворено писмо во кое го повикува Давид Сасоли да „продолжи што е можно побрзо“ со работата на Парламентот во Стразбур, и покрај донесените одлуки од секоја земја-членка за ограничување на патувањето со цел ограничување на движењата за ширење на пандемијата.
Претседателот на Европскиот парламент посочи дека бил „изненаден и лут“ од ова писмо, затоа што „тој во вторникот имаше срдечен разговор со Клеман Бон и дека тој не му кажа ништо за ова писмо“ , рече еден од неговите портпароли.
Давид Сасоли оценил дека тоа „не е многу коректно“, според портпаролот. Писмото е „ограничено по својата содржина, бидејќи Бон бара да се преселат дел од вработените од Брисел во Стразбур. Тоа оди подалеку од односот помеѓу европска институција и национална влада “, се пренесува изјавата на портпаролот од весникот „Уест Франс“.
-Давид Сасоли секако е подготвен да организира што е можно побрзо враќање во Стразбур. Но, целата оваа комуникација, како и писмото од политичарите од регионот кои пренесуваат лажни информации, не помагаат. Особено во оваа комплицирана ситуација од пандемијата. Претседателот на парламентот нема намера да одговори ниту на писмото од претставниците од регионот, ниту на писмото од Бон, изјавила портпаролката.
Францускиот државен секретар во своето писмо повика на „целосна транспарентност за плановите за имплементација или можни трансфери“ од Европскиот парламент. Тој исто така повика на размислување за „преместувањето во Стразбур на други служби на Европскиот парламент со искористување на можноста што ја пружа зградата на Осмоза, чија изградба треба да заврши наскоро во близина на парламентот“.
Избраните претставници на регионот Стразбур, од своја страна, го повикаа Давид Сасоли да го осуди проектот за реновирање на хемисиклот во Брисел за сума од 500 милиони евра. Службите на претседателот на парламентот изјавија дека се изненадени. „Не знаеме од каде доаѓа оваа бројка“, наведе портпаролот.
Стразбур е официјалното седиште на Европскиот парламент, што е запишано во договорите. Но, Европскиот парламент има втор хемисикл во Брисел, каде што е седиштетот на Комисијата и Европскиот совет, и тој заседава само на пленарна седница во Стразбур четири дена месечно.
Се повеќе европратеници ги осудуваат финансиските и еколошките трошоци за месечната преселба од околу 2.500 луѓе во Стразбур и гласаат за резолуциите со кои се бара едно седиште за парламентот. Но, за промена на договорите потребна е едногласност на сите земји членки.
Поради здравствената криза, Европскиот парламент не одржа пленарна седница во Стразбур од февруари.