Сашко Коцев, Тино и Атанас со стенд-ап комедии на „Гола Месечина“ во Општина Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, утре, ќе се отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 21 до 25 јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром.
Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката.

Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21 часот. Влезот е слободен и е дозволен само за лица над 16 години.